Училишниот полицаец на 13 ноември пријавил во полиција во Нови Сад дека ученик со запалка му ја запалил косата на седумгодишен ученик, а претходно тоа го правел и со рачката во тоалетот, потврдиле за РТС од српаската полиција

За овој инцидент од Обвинителството велат дека нема елементи на кривично дело.

Овој инцидент се случил во основно училиште во Нови Сад.

Медиумите јавуваат дека станува збор за уште еден случај на насилство, во кое ученик од петто одделение малтретирал првоодделенец, а другите деца собрани наоколу гледале.

На социјалните мрежи се објавени наводни фотографии и изјави на родителите на малтретираното момче, пишува РТС.

Текстот Ученик се обидел со запалка да му ја запали косата на првоодделенец во училиште во Нови Сад е превземен од МАКФАКС.