Словачкиот премиер Роберт Фицо преку телефонски разговор му ја честитал победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, од кој значаен дел е посветен на анализата на војната во Украина, соопштија од кабинетот на премиерот.

Фицо нагласи дека во Европа, а особено во Словачка, многумина се надеваат дека Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, пренесе ТАСР.

„Убеден сум дека има огромни очекувања во однос на него, не само во Словачка, туку и во цела Европа кога станува збор за воениот конфликт во Украина“, рече Фицо.

=

Текстот Роберт Фицо му честиташе на Трамп за победата, разговараа за војната во Украина е превземен од МАКФАКС.