Извештаите покажуваат дека кампањата на американската потпретседателка, Камала Харис, е во долг од 20 милиони долари по недамнешните претседателски избори. Се очекува таа да им се обрати на финансиските директори на Демократскиот национален комитет среде оваа финансиска криза.

Главниот политички донатор Џон Морган изрази загриженост за трошењето на кампањата, нагласувајќи дека донаторите сакале да го поразат Трамп, а не нужно да ја изберат Харис. Тој верува дека преголемото трошење, вклучувајќи 15 милиони долари за продукција на настани и 4 милиони долари за приватни авиони, е доказ дека Харис не треба да се кандидира повторно.

 

„Мислам дека ова ја дисквалификува засекогаш. Ако не можете да водите кампања, не можете да ја водите ниту Америка“, рече тој и навести дека тоа може негативно да влијае на кариерата на Камала Харис, бидејќи донаторите се прашуваат каде отишле парите.

Додека извештаите за долгот се вознемирувачки, кампањата на Харис тврди дека нема неплатени долгови или сметки.

Линди Ли, член на финансискиот комитет откри дека внатрешните борби довеле до тоа некои членови да ја напуштат партијата.

Текстот „Ова ја дисквалификува засекогаш, таа не може да ја води Америка“ – кампањата на Камала Харис должела 20 милиони долари по изборите е превземен од МАКФАКС.