Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху начелно го прифати прекинот на огнот со Хезболах, јавува Си-eн-eн.

Израел останува цврсто затворен за некои одредби од договорот, кои се очекува да бидат доставени до либанските власти подоцна во текот на денот, според извор на Си-ен-ен.

За овие и други детали сè уште се преговара и многубројни извори наведуваат дека договорот нема да биде конечен додека не се решат сите прашања. Договорот за прекин на огнот мора да биде потврден од израелската влада, според написите во медиумот.

Извор запознаен со текот на преговорите за Си-ен-ен наведува дека разговорите се движат во вистинска насока и позитивно кон постигнување договор, иако Израел и Хезболах продолжуваат да разменуваат оган, што може да ги забави преговорите.

Американскиот претставник Амос Хохштајн минатата недела рече дека договорот за прекин на огнот е на дофат, но дека конечната одлука е на страните во конфликтот.

Тој разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати и со претседателот на парламентот Набих Бери како посредник на Хезболах во разговорите.

Текстот Си-ен-ен: Нетанјаху го прифати примирјето со Хезболах е превземен од МАКФАКС.