Кога помислувате на хеви – метал музика, сигурно вашата прва мисла не е некоја поранешна Дизни ѕвезда и геј икона? Можеби овој пат треба да помислите на едно такво дуо, вели Мајли Сајрус.
Во интервју за „Capital FM“, Мајли Сајрус изјави дека работи на нова музика, поточно на преработка на песна од познатата хеви – метал група „Metallica“.
Мајли во соработка со Елтон Џон ќе направат преработка на една од најпознатите песни на бендот – „Nothing Else Matters“.
Според неа, ова нема да биде единствениот „кавер“ на песните на популарниот хеви – метал бенд, туку ќе работи на целиот албум.
Покрај Елтон, Мајли на албумот ќе соработува и со музичарите Јо-Јо Ма и Чед Смит.