Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Полицијата и пожарникарите се снимени пред зградата на амбасадата.
„Свесни сме за шпекулациите на интернет за инцидент во близина на американската амбасада во Нин Елмс. Во областа се поставени кордони како мерка на претпазливост додека полицајците го истражуваат сомнителниот пакет“, се вели во соопштението на полицијата.
„Локалните власти истражуваат сомнителен пакет пред американската амбасада во Лондон“, изјави портпаролот на американската амбасада.
„Можеме да потврдиме дека „гласниот тресок“ што неодамна беше пријавен во оваа област е резултат на контролирана експлозија предизвикана од полициски службеници. Истрагите се уште се во тек, а кордоните засега ќе останат на место“, соопштија потоа од градската полиција.
We’re aware of speculation online about an incident in the vicinity of the US Embassy in Nine Elms.
Cordons are in place in the area as a precaution while officers investigate a suspect package.
We will provide a further update in due course.
— Metropolitan Police (@metpoliceuk) November 22, 2024
Текстот Сомнителен пакет пред амбасадата на САД во Лондон, се слушнала експлозија, амбасадата е затворена е превземен од МАКФАКС.