Социјалните мрежи би можеле да бидат казнети со повеќе од 30 милиони евра доколку не ги спречат децата да пристапат до нивните платформи, според новата легислатива предложена во австралискиот парламент во четвртокот.
Законот ќе ги принуди социјалните мрежи да преземат чекори за да ги спречат лицата под 16 години да пристапуваат до платформи како што се X, TikTok, Facebook и Instagram.
Неуспехот да се стори тоа може да резултира со казни до речиси 50 милиони австралиски долари.
Австралија планира да испроба систем за верификација на возраста што може да вклучува биометрија или владина лична карта за да наметне старосна граница за пристап до социјалните медиуми, меѓу најстрогите контроли што досега ги наметнала една земја.
Со предлогот, нема да има ослободувања со родителска согласност или исклучоци за претходно постоечки сметки.
Предложениот закон, исто така, ќе вклучи силни одредби за приватност кои бараат од технолошките платформи да ги избришат сите собрани податоци за проверка на возраста.
„Ова е значајна реформа. Знаеме дека некои деца ќе најдат решение, но испраќаме порака до социјалните мрежи да се исчистат“, рече премиерот Ентони Албанес.
Министерката за комуникации Мишел Роланд во четвртокот рече дека социјалните мрежи се одговорни за „безбедноста и менталното здравје“ на Австралијците.
Текстот Австралија воведува милионски казни на социјалните мрежи за пристап на лица помлади од 16 години е превземен од МАКФАКС.