Новиот бран на загадување во Њу Делхи утринава достигна алармантни нивоа со индексот на квалитетот на воздухот над 1.000, соопшти швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот IQAir.
Загадувањето ја намали видливоста во многу делови од градот, додека ситуацијата на аеродромите стана критична, со можни доцнења на летовите, објави Ројтерс.
Според IQAir, концентрацијата на ПМ2,5 честичките, кои се толку мали што можат да навлезат во човечките бели дробови и да предизвикаат сериозни болести, е 120 пати поголема од препорачаните нивоа на Светската здравствена организација.
Текстот Индексот на квалитетот на воздухот во Индија надмина 1.000, смог и магла во главниот град е превземен од МАКФАКС.