Претседателката на Народното собрание и потпретседателка на Српската напредна партија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека не е време за нови избори бидејќи, како што вели, Србија има многу важни работи до 2027 година, меѓу кои е и завршувањето на проектот Експо.
Брнабиќ рече дека СНС како партија се труди секогаш да биде подготвена за избори, да ја зајакне инфраструктурата и внатрепартиската работа, наведувајќи дека тоа е „елементарна партиска култура“.
„Но, дали планираме избори во овој момент, лично мислам дека не би било добро, бидејќи Србија има толку многу работи што треба да ги направи до 2027 година“, изјави Брнабиќ за телевизијата К1.
Таа изјави дека Србија е потврден домаќин на светската изложба Експо 2027 и дека треба да му посакаат добредојде на целиот свет и да покажат каква е Србија, колку се променила и кои се нивните силни страни.
Текстот Брнабиќ: Не е време за нови избори, многу важни работи треба да се направат до 2027 година е превземен од МАКФАКС.