„Заминувањето на нашиот пријател Јанис Бутарис е крајно тажна и лоша вест за сите нас кои веруваме во постојано и неповратно подобрување на односите меѓу народите на Северна Македонија и Грција“, порачал екс-премиерот Зоран Заев во изјава за грчката „Open TV“ по повод смртта на поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис.
Во изјавата на Заев за смртта на Јанис Бутарис уште се вели:
„Како градоначалник на Солун, но и како човек и како демократ, Бутарис беше еден од првите што нѐ охрабри мене и Алексис во нашите напори да ги преземеме вистинските чекори, од Давос па сѐ до Преспа.
Како бизнисмен, тој беше вистински визионер кој ја туркаше агендата за регионална соработка и за заеднички регионален пристап за искористување на сите потенцијали што ги нудат европските фондови.
Јанис беше и голем борец за еднаквост и човекови слободи, човек кој треба да служи како инспирација за демократски отпор во овие времиња кога екстремизмот зема замав.
Нека почива во мир, ние демократите ќе го продолжиме неговото дело“.