Нашата водителка Лила Филиповска се збогуваше со 2020 година дотерана во гламурозен фустан со желба и надеж дека новата година ќе биде многу подобра од претходната.
Филиповска секогаш пријатно ги изненадува своите обожаватели објавувајќи фотографии на својот инстаграм – профил.
Очигледно новата година ѝ почнала како што си ја замислувала, со одмор и пријатно друштво.
„Успеав да го донесам јуни во јануари“, напиша Лила во описот на фотографијата која на која позира во костим за капење.
Водителката овој празничен период решила да го помине во Охрид. Како што вели таа, зимата не се чувствува кога сте покрај блиски пријатели кои ја греат вашата душа.