Во интернет просторот се појави нов интернет сајт каде што кандидат студентите од РС Македонија ќе можат да се запознаат со условите за студирање во Република Бугарија, јавува Трибуна.
На сајтот www.studirajbg.com идните и тековните студенти во Бугарија ќе можат да ги добијат сите потребни информации, вести и ресурси кои ќе им бидат потребни за студирањето во таа земја. Издавач на сајтот е Фондација ,, Единство” од Кочани.
„Вложивме голем труд за да создадеме платформа, која е едноставна за користење и која ќе ви го олесни пристапот до сите потребни информации за еден иден или тековен студент во Р.Бугарија. Ве покануваме да го посетите сајтот и да видите сè што нудиме. Вашите мислења и предлози ни се важни, па слободно споделете ги со нас“, велат креаторите на сајтот од Фондација Единство Кочани.
Сајтoт е дел од проект поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.