Серија земјотреси, од кои најсилниот беше пет степени според Рихтеровата скала, се регистрирани во Турција во околината на Елазиг во источна Анадолија.

Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случил во центарот на Елазиг, на длабочина од 16,22 километри.

Како што пренесува порталот Хабер 7, земјотресот бил почувствуван и во околните провинции, а жителите во паника истрчале од своите домови на улиците.