Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се изживува врз граѓаните и ги понижува поради гужвите што се создадоа при чекањето на ваучерите за клима уредите.

„Неспособната ВМРО-ДПМНЕ денеска срамно ги понижи граѓаните кои со часови и во долги редиви чекаа за ваучери за клима уреди. Дури има случај каде што едне човек се онесвестил. СДСМ кога ги доделуваше ваучерите имаше систем без чекање, граѓаните имаа опција по пошта или лично во подолг временски период да ги подигнат. Затоа никогаш досега немаше гужви“, велат од СДСМ преку соопштение, додавајќи дека нивниот модел функционирал, а сега ВМРО-ДПМНЕ се правда дека немало време за пошта што воопшто не е точно

Дополнително, како што велат од партијата, од 2017 до 2021 година и градоначалниците на СДСМ имаа огласи за инвертери но никогаш гужви и понижување врз граѓаните никогаш немало.

Денес пред Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје се создадоа огромни гужви, каде граѓаните ги чекаа ваучерите за инвертер-клима уредите. Добитниците на ваучерите имаат 24 дена до крајниот рок од 30 ноември за да ги купат клима-уредите.