Министерот за финансии на Германија, Олаф Шoлц посочи дека Германија може да си дозволи мерки за борба против пандемијата на коронавирусот.

Можеме да издржиме долго, рече вицеканцеларот во врска со финансиите и мерката за затворање на државата што е продолжена до крајот на јануари.

Во изјава за АРД, Шолц рече дека во Германија не е целосно запрено се, дека фабриките и голем број фирми сè уште работат.

Тој истакна дека Германија може финансиски да го издржи затворањето, затоа што спроведува добра економска и финансиска политика.