Кандидатот за еврокомесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер од Австрија изјави дека ќе инсистира на полноправно членство на Бугарија и Романија во Шенген, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Брунер беше сослушан од Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи во Европскиот парламент.
Како одговор на прашањата на европратениците за состојбата на Шенген зоната, австрискиот претставник рече дека слободното движење е од витално значење за конкурентноста на Европа и дека граничните проверки се штетни за нејзините граѓани.
Подобрената полициска соработка и разговорите со земјите-членки би можеле да ја подобрат моменталната ситуација, а можни се и прекршочни постапки“, рече Брунер, нагласувајќи дека е оптимист за изгледите за полноправно членство на Софија и Букурешт во Шенген.