Денвер нагетс со 123:116 ја совлада Минесота тимбервулфс благодарение на одличната игра на Никола Јокиќ.
Токму Јокиќ го предводеше Денвер до третиот триумф сезонава со 35 поени, 15 поени и шест асистенции, а одлична партија прикажаа и Вил Бартон со 18 поени и Џамајкл Грин со 17 поени.
Кај Минесота одлично одигра Дианџело Расел со 33 поени и 11 асистенции, додека Хуанчо Ернангомез даде 25 поени.
Минесота одлично играше во поголем дел од натпревар и беше во водство, во последната четвртина влегоа со предност од 93:100, но тогаш Денвер предводен од Јокиќ нарави серија од 15:0 и го одлучи победникот.
Шампонот ЛА Лејкерс со победата над Мемфис гризлис од 94:92 дојде до четвртата победа по ред, а вкупно шеста во сезоната. Лејкерси со доста маки славеа над Мемфис во натпревар кој речиси цело време беше израмнет и дилемите околу победникот беа решени во самиот финиш. Тогаш „езерцата“ предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис направија серија од 6:0 со која направија недостижна предност од 94:83. Џејмс со 26 поени и 11 скокови го предводеше шампионот, а Дејвис имаше учинок од 26 поени и 19 скокови. Кај Мемфис Диег, Брукс и Валанчиунас постигнаа по 13 поени.
Сан Антонио спарс забележа голема победа над ЛА Клиперс од 116:113 благодарение на одличната шутерска вечер на Пети Милс. Бекот на Сан Антонио постигна дури осум тројки и со 27 поени беше најпревизен во победничкиот тим каде се остакнаа и Џижонте Мареј со 21 и Руди со 16 поени, додека на спротивната страна, Каваи Ленард на својот поранешен тим му даде 30 поени и имаше 10 асистенции.
Резултати:
Бруклин – Јута 130:96
Мемфис – ЛА Лејкерс 92:94
Денвер – Минесота 123:116
ЛА Клиперс – Сан Антонио 113:116
Портланд – Чикаго 108:111