Доналд Трамп води со 120.000 гласови во Висконсин, со скоро 90% преброени гласови во оваа клучна држава. Висконсин има 10 електорски гласови, а Трамп сега е во значително водство, со само 364.000 гласови останати за пребројување.

Ако републиканците ги освојат и Пенсилванија и Висконсин, претседателската трка конечно ќе заврши.

Кампањата на Харис соопшти дека биле „изненадени“ од резултатите во Висконсин. Голем дел од преостанатите гласови се во градот Милвоки, што би можело да го забави пребројувањето.

Текстот Трамп води во Висконсин со 89% преброени гласови е превземен од МАКФАКС.