Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина ја извести јавноста дека безалкохолните пијалаци од Австрија се испорачани на пазарот во БиХ и се повлекуваат поради сомневање дека содржат парчиња метал.
Станува збор за производите „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, а сите производи се во пластична амбалажа од 0,5 литри, објави Kliks.ba.
Предупредувањето се однесува на пратките помеѓу 4 февруари 2025 година и 4 декември 2025 година, со шифра „ВП“ под датумот.
Увозници во Босна и Херцеговина се COSMO Celic d.o.o. и Pam Consulting d.o.o.
Текстот „Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ е превземен од МАКФАКС.