Дваесетгодишно момче е тешко повредено во сообраќајка која се случила во вторникот во Сарај меѓу мопед и возило „митсубиши“.
„Во вторникот во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„Дарданиа“ и ул.„4“ во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со италијански национални ознаки, управувано од Н.И.(45) од с.Сарај, скопско и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(20) од с.Крушопек, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.