Тимот доктори од Клиниката „Жан Митрев“, предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото закрепнување, велат од Клиниката.
Ова е многу редок случај да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиниката „Жан Митрев“ претставува револуционерен оперативен зафат со кој се спаси животот на пациентот откога беше одбиен за операција од повеќе клиники.
Досега во медицинската пракса во земјата не е направена операција за отстранување туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање вакви маси до 40 сантиметри должина, се додава во соопштението од Клиниката.