Мажот осомничен за убиство на сосед со моторна пила во францускиот град Вербие е уапсен откако полицијата го пронашла на местото на злосторството облеан во крв, јавија денеска француските медиуми.
Тој прво бил хоспитализиран поради неговата психичка состојба, а потоа бил испрашуван и обвинет, објави Фигаро.
На распитот во полиција 31-годишниот го признал убиството.
Обдукцијата потврдила дека жртвата починала од повреди нанесени од моторна пила во пределот на стомакот.
Осомничениот претходно бил осуден за силување во 2014 година.
Текстот Маж во Франција го убил соседот со моторна пила е превземен од МАКФАКС.