Вчера во 16.40 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница.

При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „форд фокус“ со винички регистарски ознаки,  извршен со судска наредба од Основен суд Виница, пронајдени биле и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана, и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.