Времето на нашите простори овие денови повеќе потсетува на пролет отколку на зима, но постојат места во светот каде во моментот владеат вистински зимски закони.
Новосибирск е град во кој во моментот температурата изнесува -40 степени. По Москва и Санкт Петербург тоа е третиот град по големина во Русија, а ваквите температури не се нешто необично за престолнината на Сибир.
Добар дел од светот не може ни да замисли како изгледа животот под тие услови – кога заледуваат трепките, кога зимата прави шари на прозорците, кога водата во момент се претвора во мраз….
Новинарот Алек Лун, кој во моментот престојува таму, сподели фототграфија на која заледените нудли и пркосат на логиката, а покрај нив е и јајцето кое се заледило пред да стигне до чинијата.
Оваа фотографијата во моментот е хит разгледница од Новосибирск, а воедно „покани“ и многу други фотографии од луѓе кои живеат таму и кои покажуваат како всушност изгледа зимата таму, погледнете…
Breakfast in Novosibirsk, where it was -40 yesterday pic.twitter.com/chJmNhJUiw
— Alec Luhn (@ASLuhn) December 29, 2020
#Gelo #freddo #Russia #Siberia
Negli ultimi giorni di #dicembre si sono registrate forti #gelate, nella città di #Novosibirsk pic.twitter.com/6bPn0w9nLk— Scala-la-vetta (@IosonoScala) January 1, 2021