Утрово во 8 часот во дворот на Средното металуршко училиште во Сараево е повреден ученик.

Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на полицијата.

Се утврдува степенот на повреди на повредениот малолетник, а другиот малолетник е под контрола на полициски службеници.

„На повредениот малолетник констатирана му е полесна физичка повреда“, додаде Новалиќ.

 

Текстот Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик е превземен од МАКФАКС.