Во Куманово вчера во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(30) и Г.Н.(36), двајцата од Куманово, поради сомнение дека изминатиот период со употреба на сила влегле во пет патнички моторни возила и одзеле различни предмети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.