Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја коментираше актуелната геополитичка ситуација, нагласувајќи дека евентуалниот израелски напад врз Иран може да има сериозни последици за светскиот мир и економијата.

– Се соочуваме со настани кои можат да имаат непроценливо влијание врз светскиот мир, поредок и глобалната економија, доколку израелската влада одлучи да го нападне Иран во следните две недели. Знаејќи ги нивните методи на работа и дејствување, тие би можеле да го направат тоа една недела пред американските избори и на тој начин да се обидат да го вовлечат светот во нов циклус на војна и да ни ја подигнат цената на нафтата на 300 долари. Тоа не се нереални работи, ова се случува пред наши очи – изјави Зоран Милановиќ.

Милановиќ ја коментираше и војната во Украина.

– За жал, војната во Украина е при крај и, за жал, единствениот начин на кој можеше да заврши, за што многу луѓе зборуваат две и пол години, но претпоставувам дека тоа денес се смета за русофобија или путинизам. Тоа е слепило, тоа е многу несериозно и опасно однесување – рече тој и испрати јасна порака: „Јас ќе ја чувам Хрватска од вакви конфликти и каде што не ни е местото и каде што не треба, нема да бидеме“.