Има ли светло на крајот од тунелот на СДС, демолиран рејтинг и контрадикторни соопштенија. СДС сè уште не може да се разбуди од кошмарот што го доживеа на изборите, па пишуваат небулозни соопштенија спротивни со здравиот разум. Во постизборен шок секојдневно самите со комични соопштенија си пукаат во нозете, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оценуваат дека СДС е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира.

Наместо нонсенс соопштенија, како што додаваат од владејачката партија, СДС нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер.

„Рејтингот на СДС е во слободен пад за што говорат и последните анкети, каде што ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност пред СДСМ, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, 5: 1 наспроти Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе проекти и реализација во првите 100 дена отколку СДС во 7 години.

СДС нема право да зборува за инвестиции бидејќи во нивно време најголем настан беше играње чочек и трубачи во тунел.

Во време на СДС, кога милијарди народни пари беа во прашање, СДС дозволи надзор да им бидат фирми за производство на долна облека.

СДС нека се потсети како нивниот министер за транспорт и врски, Бочварски, дозволи главниот коридор да им биде воден од Артан Груби, а надзор да им бидат фирми за производство на гаќи.

СДС за 7 години лопата не фрли затоа, наместо политиканство и акробации, да се реформираат бидејќи на државата ѝ е потреба силна опозиција за просперитетна држава“, истакнуваат во соопштението.