Една од приказните поврзани со неодамнешното влијание на ураганот Милтон на Флорида што привлече големо внимание на јавноста беше онаа за кучето што некој го врзал за оградата на автопатот пред налетот на ураганот и го оставил, потсетуваат американските медиуми.
Војниците на ФХП утрово спасија куче оставено врзано за столб на I-75 во близина на бул. Брус Б Даунс. Не правете им го ова на вашите миленици, ве молиме, беше напишано на Икс мрежата.
FHP Troopers rescued a dog left tied to a pole on I-75 near Bruce B Downs Blvd this morning. Do NOT do this to your pets please… pic.twitter.com/8cZJOfkJL2
— FHP Tampa (@FHPTampa) October 9, 2024
Џовани Алдама Гарсија (23) од Раскин, Флорида е уапсен и обвинет за отежната суровост кон животно, соопштија денеска властите.
Гарсија, соопшти денеска обвинителството, признал дека го оставил своето куче на автопат додека се евакуирал од Флорида во очекување на ударот на Милтон.
„Во округот Хилсборо, ние ја сфаќаме суровоста кон животните многу сериозно“, рече државниот обвинител Сузи Лопез во соопштението, додавајќи дека обвинетиот се соочува со затворска казна до пет години.
Гарсија е ослободен со кауција, пренесува NBC News. Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис исто така ја поздрави веста за неговото апсење.
Текстот (Видео) Уапсен човекот кој пред ураганот на Флорида го врзал кучето за ограда и го оставил е превземен од МАКФАКС.