Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, информира Републичкиот сеизмолошки завод.

Земјотресот е регистриран во градот Нови Дулиќи, во близина на границата со Црна Гора, нешто пред 14.30 часот.

Во текот на ноќта околу 4 часот по полноќ биле почувствувани два помали земјотреси.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.