Времето во понеделник ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени, јавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од четврток по котлините ќе има услови за појава на утринска магла, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.