Истражување покажа дека Арон Тејлор-Џонсон е официјално најубавиот човек на светот. Џулијан Де Силва, козметички хирург за лице со седиште во Лондон, користел метод на компјутеризирано мапирање на лицето за да пресмета кој е најубавиот маж на светот.
За да дојде до резултатите кои лица се најатрактивни, д-р Де Силва го користел „златниот рез“ – математичка равенка што ја смислиле Грците во обид да ја измерат убавината, наречена и „божествен сооднос“.
Неговата анализа откри дека Тејлор-Џонсон е на врвот на листата, со импресивна оценка од 93,04%.
Погледнете ја целата листа на десетте најзгодни мажи во светот според златниот пресек:
Арон Тејлор-Џонсон – 93,04%
Лусиен Лависконт – 92,41%
Пол Мескал – 92,38%
Роберт Патинсон – 92,15%
Џек Лоуден – 90,33%
Џорџ Клуни – 89,9%
Николас Хулт – 89,84%
Чарлс Мелтон – 88,46%
Идрис Елба – 87,94%
Шах Рук Кан – 86,76%
Де Силва вели дека Тејлор-Џонсон бил јасен победник.
„Неговиот резултат од 93,04% лесно може да го направи најжешкиот Џејмс Бонд во историјата, ако ја добие улогата како што се очекуваше. Тој е многу понапред од сите актери кои го играле Џејмс Бонд“, рече докторот.
Текстот 10 најубави мажи на светот според златниот пресек е превземен од МАКФАКС.