Бездомник кој турна човек на шините на метрото пред воз што доаѓа, е осуден на доживотен затвор, но по осум години ќе има право на условно ослободување. 24-годишниот Брва Шорш вчера беше осуден за обид за убиство во судот во Лондон.

На 3 февруари оваа година, Шорш го турна поштарот Тадеуш Поточек од платформата на станицата Оксфорд Циркус. Поточек, кој во моментот на нападот имал 60 години, се враќал од работа дома.

Поминал покрај Шорш кој седел на клупата. Без никаква причина, Шорш скокнал и го турнал Поточек од платформата на шините. Поточек успеал да остане на нозе и случаен минувач му помогна да се искачи назад на перонот пред возот да пристигне на станицата.

Машиновозачот на возот што доаѓал рекол дека Поточек „ќе загинел ако бил на шините неколку секунди подоцна“. Судијата Келехер на случајниот минувач кој му помогна на Поточек му додели 1.000 фунти, пофалувајќи ја неговата храброст и брзи постапки.

Шорш, курдски мигрант, спие на улиците во Англија од 2020 година. Тој побегнал пред да дојде полицијата, но подоцна истиот ден бил уапсен. На полицајците им рекол дека го турнал Поточек на шините бидејќи Поточек „му упатил грд поглед“.

„Брва Шорш се обиде да ја убие жртвата со намерно и насилно туркање пред возот што доаѓа. Невозможно е да се замисли нешто што може да оправда туркање некого пред воз“, рече Максин Жарус-Џонс, виш обвинител на Кралството.

„Да не беше брзото размислување на жртвата, храброста на случајниот минувач кој му пријде на помош и брзината со која машиновозачот го запре возот, постапките на Шорш можеа да ја чинат жртвата живот“, додаде таа. .

Текстот (Видео) Осуден мигрантот кој турна човек пред воз што доаѓа во Лондон е превземен од МАКФАКС.