Одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот е само потврда за антиалбанската политика на нелегитимната Влада, велат од Алијанса за Албанците.
Според нив, со таквата одлука се докажува и покорноста и сервилноста на албанските партии во Владата кон ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ кои уште од првите денови на Владата, како што велат, почнаа со реализација на проектот за деалбанизација на државата.
„Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари. Времената мерка воведена пред неколку недели беше само мерење на пулсот, дали ќе има реакција и последици од албанските партнери во Владата. Но, неодговорното однесување и често образложението на одлуката, од страна на претставниците на ВЛЕН, ги тешеше сите заинтересирани фактори за укинување на Балансерот“, истакнуваат од Алијанса за Албанците.