Вчера во 17.20 часот во гостиварското село Вруток, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Вруток поради постоење основи на сомнение дека на 07.08.2024 одзел пари од касата во продажниот објект каде што работел.
Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Текстот Приведен крадец во гостиварско, следува пријава е превземен од МАКФАКС.