Момче од Бофзајм, источна Франција, го загуби животот при експлозија на новогодишниот огномет во момент во кој отишол да ја провери инсталацијата, а медиумите денеска пренесуваат дека „му е откината главата“ во стравичниот инцидент.
Регионалната влада во петокот соопшти дека 25 годипното момче починало на лице место додека АФП наведува дека „главата му е скината“, откако отишол да провери зошто огнометот не се активирал.
Властите забранија огномет за новогодишната ноќ во чиј тек беше и „полициски час“ за луѓето да бидат спречени да се собираат поради пандемијата на коронавирус.
Во соседна Германија, пак, загина 24 годишно момче, откако го запалил огнометот Рајц-Нојндорф, на околу 30 километри од Берлин, пренесува „Њузер“.
Вест за случај со фатален исход доаѓа и од Италија каде 13 годишно момче почина од повреди во пределот на абдоменот предизвикани од петарди. „Гардијан“ наведува дека се повредени уште 79 лица во Италија поради новогодишните огномети од кои 23 завршија во болница.
Момчето, кое живеело во ромска населба во северниот град Аста, им подлегнал на повредите во болница непосредно по полноќ. Јавен огномет беше забранет, но многумина го правеа од своите домови. Пожарникарите за време на новогодишната вечер во Италија имале 229 интервенции што, сепак, е значително помалку во однос на претходната година кога имаа 686.
Најголем дел од повиците биле од околината на Рим по што следува Кампања. Една жена била хоспитализирана во Неапол, откако била погодена со петарда во глава додека исфрлала ѓубре од домот, а маж од Милано загубил два прста што бил најтежок инцицдент во тоа подрачје. Останатите Италијанци пријавиле повреди на рацете и во пределот околу очите.
– Осум од вкупниот број на повредени се деца, додава „Гардијан“.
Во уште еден бизарен инцидент, малку фалеше да се урне авион на колумбиската компанија „Авианса“ по судирот со пиротехнички балон над Богота.
Пренесено од blic.rs.