Предвидувањата за новата година на францускиот астролог и лекар, објавени во книгата пророштва во далечната 1555, до денес се тема на интерес, толкувања и истражувања.
Заедничката мисла е дека 2021 година, во смисла на негативностите, никогаш нема да ја достигне тешката 2020 година. Но, оние кои веруваат во пророштвата на Нострадамус, (псевдоним на Мишел де Нотр-Дам), веќе се малку загрижени. Во својата книга „Пророштва“ Нострадамус предвидел серија настани за кои рекол дека ќе се случат во иднина – некои навистина се случиле (барем според толкувачите на книгата), како атентатот врз Кенеди, двете светски војни, поразот на Трамп на изборите во Америка и пандемијата со ковид-19. Сепак, предвидувањата се напишани толку двосмислено што секој може да ги толкува на свој начин.
И предвидувањата за 2021 година не се многу охрабрувачки.
Според Нострадамус, метеорит или комета, може да падне на Земјата што може да предизвика низа на природни катастрофи: „Дали можете да го видите огнот кој доаѓа од небото, долгата трага од искра?“, напишал Нострадамус.
Сепак, НАСА увери дека ниту еден астероид не би требало да влијае на Земјата во следните 100 години.
„Ќе се појават нови производи кои ќе ја водат армијата. Војводата лишен од очите е во железен кафез“. Оваа порака е многу тешко да се дешифрира, некои ја толкуваат како предвидување за нов „производ“ – чип што ќе биде вграден во војниците.
Економската криза предизвикана од коронавирусот, според Нострадамус, ќе биде тешко да се надмине. Според Нострадамус, сепак, може да дојде до уште поголема катастрофа: „После голема болка за човештвото, се подготвува уште поголема“, напишал. Според толкувачите, ова е упатување на глад кој ќе завладее во светот.
Астрологот исто така предвидува сончева бура и климатски промени што веќе влијаат на Земјата: „ќе видиме како се крева водата и земјата паѓа под неа“. Според Нострадамус, исто така, може да се случи силен земјотрес на 25 ноември 2021 година долж областа Сан Андреас во Калифорнија.
Главното предвидување, сепак, се однесува на хипотетичка војна или период на идеолошка нестабилност. „Пристаништето во Марсеј ќе биде покриено со чамци и едра “, напишал тој.
Сепак, пред да поверувате „слепо“ на овие прогнози од Нострадамус, сетете се најмалку на три негови неверојатни утки, кога посочил прецизни датуми за неговите пророштва. Човечкиот вид не се уништи во 1732 година, религиозен прогон не се случи во 1792 година, а крајот на светот не дојде во 1999 година.