Џеф Безос, основачот на „Aмазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, откри кој утрински ритуал секогаш го следи, а кој му помага да постигне успешен ден.

Безос, чие богатство се проценува на 204 милијарди долари, беше гостин во поткастот на Лекс Фридман во декември 2023 година, каде што размислуваше за својата продуктивност и за начинот на размислување што го доведе до успех.

Милијардерот објасни дека секое утро одвојува малку време да се опушти пред да почне со своите обврски. Тој објасни дека кога станува од креветпт, првин пие кафе и многу бавно се придвижува.

„Не сум толку продуктивен како што мислите. Читам на мојот телефон некое време, го читам весникот некое време, разговарам со Лорен, го пијам првото кафе. Се движам прилично бавно во првите неколку часа“, објасни тој.

Безос објасни дека рано си легнува и рано станува додавајќи дека му требаат осум часа сон за да биде попродуктивен. Инаку, неговата свршеница Лорен Санчез во интервју за магазинот „Пипл“ откри дека омилен дел од денот ѝ е утрото, кое го поминува со Безос, и дека времето го поминуваат во разговор.

Текстот Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, открива како го почнува денот: Не сум толку продуктивен како што мислите е превземен од МАКФАКС.