На пропалестинските демонстрации во Берлин минатиот викенд, насилство избувна кога демонстрантите почнаа да ја гаѓаат полицијата со камења и шишиња, а полицијата одговори со солзавец.

По повод годишнината од смртоносниот напад на Хамас во Израел, полицијата распореди околу 2.000 свои членови поради најавените протести, пренесува „Берлингер Моргенпост“.

Во саботата пропалестинските демонстранти маршираа од Темпелхоф до Бранденбуршката порта, а во неделата беа одржани демонстрации во Кројцберг и Нојколн, пишува порталот ТРТ Ворлд.

Текстот Насилство на пропалестинските демонстрации во Берлин, полицијата употреби солзавец е превземен од МАКФАКС.