Хрватската пејачка Тереза Кесовија заврши во болница по падот на нејзиниот 86-ти роденден.
Легендарната пејачка нема да може да го прослави овој роденден бидејќи е во болница.
“Во болница сум. Извинете, не сум во можност да ви објаснам што ми се случи. Паднав, силно се удрив”, изјави таа за Net.hr.Таа истакна дека никогаш не обрнува внимание на својот роденден бидејќи нејзината мајка починала по породувањето.
“Така ми е сеедно каде сум. Денес сум, утре не сум. Не ја ни запознав мајка ми, ме роди и брзо умре. За мене е смешно да славам роденден”, додаде таа.
Кесовија беше хоспитализирана и минатата година откако со возило на Брза помош беше донесена во болница. Тогаш за хрватските медиуми призна дека доживеала срцев удар.
Текстот Тереза Кесовија падна и заврши во болница на нејзиниот 86-ти роденден е превземен од МАКФАКС.