Седиштето на копнените сили на НАТО може да биде лоцирано во финскиот град Микели, соопшти Министерството за одбрана на Финска.

Микели е на околу 300 километри од рускиот града Санкт Петербург.

– Министерството за одбрана предложи штабот на Командата на копнените сили на НАТО да биде лоциран во Микели, каде што веќе се наоѓа штабот на финските одбранбени сили, се наведува во соопштението.

Додека финската телевизија МТВ јави дека предлогот на МО е веќе одобрен.

Финска заедно со Шведска се членки на НАТО од 4 април 2023 година.