Претседателот на Украина Володимир Зеленски на средба со американскиот претседател Џо Бајден го претстави Планот за победа на Украина.
„За време на состанокот со претседателот Бајден, му го претставив Планот за победа. Разговаравме за детали за зајакнување на Планот, ги координиравме нашите позиции, ставови и пристапи. Им наложивме на нашите тимови да одржат консултации за следните чекори“, објави Зеленски на Фејсбук.
Зеленски истакна дека двете земји стојат рамо до рамо уште од првите моменти на руската инвазија.
Ние длабоко цениме дека Украина и Соединетите Држави стојат рамо до рамо од самиот почеток на руската инвазија. Вашата решеност е неверојатно важна за да надвладееме, нагласи Зеленски.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден се сретнаа во Овалната соба на Белата куќа.
Подготви: Д. Мишев