Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја усвои декларацијата за односите со Северна Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, пренесува државната новинска агенција БТА.
Партиите застапени во парламентот најдоа консензус и се обединија околу текстот на декларацијата, која со мали амандмански корекции е едногласно усвоена во комисијата.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, најави дека декларацијата ќе биде усвоена од Народното собрание на Бугарија на пленарна седница, денеска.