Сателитски снимки објавени од инженерот Ален Берта покажуваат во колкав размер е катастрофата која и се случи на Петриња по силниот земјотрес.

Според неговата анализа земјата по потресот се спуштила за 10-30 сантиметри.

-Сателитите го покажуваат целиот размер на катастрофата. Споредувајќи ги сликите на радарскиот сателит Сентинел 1 од 18 декември и 30 декември, гледаме дека земјата западно од Петриња се приближува до сателитот за 44 см во најизразениот дел, додека самата земја на Петриња се спуштила за 10 до 30 см. Овие области се со радиус од 10 км. Сепак, во појасот опкружен со линијата Поповача, Суња, Костајница, Двор, исто така, забележуваме поместување од неколку сантиметри, што сепак беше фатално за многу куќи оштетени од војната и староста, напиша Берта.

Тој додава дека ова силно движење на земјата е поголемо отколку за време на разорните земјотреси што се случија во Италија пред 3-4 години.