Телото на 38-годишна жена од Кина, која исчезна на 17 октомври, беше пронајдено во куфер во селото Вилија, северозападно од Атина, соопшти полицијата.
Телото на Ки Јун Ли, во напредна фаза на распаѓање, го пронајдоа ловџиите во вторникот вечерта.
Жената исчезна во населбата Омонија во Атина, а полицијата успеа да ја идентификува по отпечатоците од прсти.
Патологот не можел да ја утврди точната причина за смртта поради состојбата на телото, а истрагата е во тек.
Според неофицијални наводи, девојката била задавена.