ЕУ не ја казни Велика Британија со трговскиот договор и успеа да ги одбрани своите интереси, изјави државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за Европа и надворешни работи, Клеман Бон.
Бон за француската телевизија ЛЦИ изјави дека Велика Британија сама се казнила кога гласала за напуштање на ЕУ.
Велика Британија вечерва официјално ќе ја напушти ЕУ, по 48 години поврзаност со европскиот проект. (МИА)