Британската актерка Дејзи Ридли прозборе за приватноста и за тоа дека на филмските сетови ја доживуваат на многу погрешен начин.
28-годишната актерка изјави дека ја нарекуваат „агресивна“ и „заплашувачка“. Тоа го изјави по снимањето на својот најнов филм „Chaos Walking“, пренесуваат странските медиуми.
„Кога ми ја средуваа периката за снимање… Се сеќавам дека си размислував: – Боже, дали треба да бидам поневидлива, потивка?“, изјави таа.
Ридли дебатираше во филмот „Star Wars: The Force Awakens“ и се појави во сите три филма, а нејзната актерска изведба беше поздравена од реномирани филмски критичари и обожаватели. Таа доби инстант глобална слава со улогата на Реј во трилогијата, но како што вели таа не е меѓу омилените личности на сет. Актерката вели дека многу често ѝ пренесувале што мислат луѓето од филмската индустрија за неа.
„Ме нарекуваа агресивна… За време на состанок со еден режисер ми кажаа дека мојата енергија била прилично агресивна“, вели Дејзи.
„Размислував: – Но, зошто?… Дали е тоа затоа што ги гледав директно во очи? Дали затоа што сум возбудена за тоа што зборуваме? Не знам. Го знаете тоа ужасно чувство на тонење од помислата: – Боже, зарем ги преминав границите?“, вели актерката.
Ридли вели дека е интровертна личност и дека сакала го држи личниот живот далеку од очите на јавноста, но, за жал, тоа не било возможно.
„Кога потпишав за „Star Wars“, во мојот договор никаде не пишуваше: – Ќе дискутираме за твојот личен живот“, вели таа.
„Дојде до точка кога сфатив дека многу од мојот живот е анализиран. Луѓето го знаат моето име, името на мајка ми, името на татко ми, што работат моите сестри. И мислев дека би било убаво да имам нешто што е само за мене, што не е за сите други. Си помислив дека ќе го држам тоа одвоено“, додаде актерката.
Филмот „Chaos Walking“ а научно-фантастичен трилер со Том Холанд во главната улога и треба да излезе во март 2021 година.