Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко рече дека нема да поднесе оставка се додека последниот полицаец од специјалните единици за сузбивање немири не го побара тоа од него, пренесува агенцијата ТАСС.
– Се додека последниот полицаец од специјалните единици за контрола на немири не ми рече да заминам, јас ќе стојам цврсто на ова тло, рамо до рамо со вас, затоа што вие и јас немаме ништо друго освен оваа земја – рече Лукашенко за време на посетата на специјалната полициска единица во Минск.
Претходно во текот на денот, специјалната белоруска единица за сузбивање немири му додели највисок орден на Лукашенко – црна беретка за „специјална служба”.
Тој, пак, им додели признанија на полициските и воените службеници.