Германија сè уште има голем број на заразени со коронавирус, што не дозволува постојните мерки да бидат укинати и животот да се нормализира, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Тој рече дека за нормализација на животот ќе придонесе и вакцината на „АстраЗенека“ која се очекува наскоро да биде регистрирана и во ЕУ.
По денешното одобрување на вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд во Велика Британија, Шпан рече дека очекува „темелна и брза обработка на регистрацијата од надлежното тело во Европската унија, за да може вакцината да биде воведена во Унијата”.
Германија досега има регистрирано 1,69 милиони заразени лица со коронавирус и 32.267 смртни случаи од ковид-19.