По повод денот на независноста, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија д-р Дарко Костадиновски во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани.

-Нека денешниот празник не’ охрабри сите нас и нека претставува поттик и мотивација за секој еден да учествува и да биде дел од градењето на правната држава, а владеењето на правото да биде императив во постапувањето и носењето на одлуките.

Нека е честит 8 Септември, денот на независноста на Републиката!

Уставен суд